Луис Хамилтон триумфираше на третата трка во новата сезона, а доминацијата на Мерцедес во новата сезона ја потврди Розберг кој заврши на втората позиција во Бахреин.
Јувентус и Бенфика стекнаа предност на гостински терен, а по првите четврт-финални натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување, победи пред својата публика извојуваа Базел и Порто.
Кошаркарите на Атланта го губат здивот во борбата за последното место кое води во плејофот во источната конференција. „Јастребите" загубија на домашен терен и од Чикаго Булс.
Фудбалерите на ПСЖ ја добија првата битка против Челси и со солидна предност од 3:1 ќе патуваат на реваншот во Лондон. „Кралевите“ беа уште поубедливи и со 3:0 му се одмаздија на Борусија за ланскиот пораз, со што направија важен исчекор за пласман во полуфиналето.
По синоќешните 1:1 на синоќешните две средби, се очекува голема неизвесност и на другите две четвртфинални двојки од ЛШ. Реал Мадрид има многу причини за да им се одмазди на „Милионерите“, а Мурињо по 10 години се враќа на „Паркот на принцовите“ со истиот тим.
Иако според обложувалниците беа големи фаворити, Баерн Минхен и Барселона не успеаа да издвојат победи на првите средби од топ 8 фазата во Лигата на шампионите. Откако и двете екипи беа во негатива, на крајот ремизираа за конечни 1:1.
Големата битка за титулата во шпанското првенство се префрла на меѓународна сцена за голем испит на тимот на Диего Симеоне. Под огромен притисок е Дејвид Мојс кој ќе се бори за спас на сезоната против европскиот првак.
Цените на влезниците секогаш се повод за дебати, посебно на стадионите во Англија, но во случајот на четврт-финалните натпревари од Лигата на шампиони, приматот го презедоа Шпанците.
На нешто повеќе од два месеци до стартот на Мундијалот се појавија интересни детали околу земјите учеснички кои еден месец секојдневно ќе не држат пред ТВ. Скоро половина од репрезентативците кои ги однеле своите селекции на светско, играат во најсилните топ 5 лиги.
Македонскиот шампион направи земјотрес во ракометна Европа. Вардар успеа да го победи европскиот ракометен шампион среде Германија и се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампиони.
Македонскиот вицешампион го повтори ланскиот успех од ракометната Лига на шампиони и во голем стил влегува во топ 8 фазата. Со фантастична победа од 26:30, тимот од Автокоманда го дотолчи данскиот противник Колдинг кој немаше лек за нашиот тим ниту на реваншот.
Wunderteam е називот на славната австриска фудбалска репрезентација која била страв и трепет во 30-те години во европскиот фудбал и која го имала подобриот стрелец и од Пеле. Нацистичкиот режим им го растура силниот тим и им го урива сонот.
Клубовите од Премиер лигата во однос на заработка се недостижни на светската фудбалска мапа. Во просек една екипа од островот од спонзори и реклами заработува по 35 милиони евра годишно, во Шпанија 20, а во Русија 16,4.
Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Минесота со што заредија четири порази во серија, а нашиот Перо Антиќ се повреди откако згазна на тренерот.
И Тотенхем се најде на врвот на некоја листа во Европа. „Евреите" најдобро тргуваат, па така екипата на Тотенхем во последните пет години оствари најголема заработка од продажба на играчи.
Во 13-тото коло на Бизнис Лигата на Македонија бевме сведоци на расплет кој ветува мошне интересна завршница во која ќе има голема борба за првите 8 места кои водат до тронот.
Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар во првата осминафинална битка од Лигата на шампионите и со доста солидна предност од 23:17 ќе оди на реванш мечот против Колдинг.