- Екипите кои водат мртва трка за титулата во Примера не се сретнале ниту еднаш до сега на меѓународна сцена. Сите три нивни пресметки оваа сезона завршија нерешено. Првенствената средба во Мадрид заврши без голови, а двобојот во Супер купот му припадна на Каталонскиот тим кој по оние 1:1 во Мадрид, ремизираше 0:0 на домашен терен и стигна до трофејот.
- Барселона е во обид да стигне до шестиот пласман во низа во полуфиналето, додека Атлетико не се пласирал помеѓу најдобрите 4 екипи веќе 40 години. Во последното нивно четвртфинале во 1997 година дел од екипата беше и Диего Симеоне. Шпанците беа елиминирани од Ајакс со вкупни 4:3.
- Фудбалерите на Барселона имаат 29 победи на последните 30 првенствени меча на домашен терен. Последниот пораз им се случи во февруари од Валенсија од 3:2. Претходно немаа загубено на „Камп Ноу“ од 21 април 2012 година.
- Последниот триумф на Атлетико Мадрид на гости против Барселона се случи во 2006 година со двата гола на Фернандо Торес.
- На Лионел Меси му недостасуваат уште само 4 голови за да го стигне најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, Раул Гонзалес кој води со 71 гол. Меси на последните 5 меча на сите натпреварувања постигна 9 голови.
Типстерите и даваат предност на Барселона.
Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен
- Ова ќе биде десетта пресметка помеѓу гигантите на англискиот и шпанскиот фудбал. Баерн има три победи, Манчестер две, а четири меча завршиле без победник. Последен пат овие две екипи се сретнаа токму во четвртфиналето, а понатаму отидоа Германците.
- Јунајтед стигна до оваа фаза благодарение на хет-трикот на Робин ван Перси кој го елиминираше Олимпијакос по поразот од 2:0 на првиот меч. Но холандскиот напаѓач ќе отсуствува поради повреда.
- Пеп Гвардиола го победи Манчестер Јунајтед во финалниот меч од Лигата на шампионите во 2009 кога Барселона славеше со 2:0.
- Поради суспензија и двете екипи нема да може да сметаат на двајца стандардни дефанзивци, Евра и Данте.
- Составот на Дејвид Мојс нема пораз на домашен терен оваа сезона во ЛШ, но пред себе има екипа која не е поразена на гости од 2012 година на ова натпреварување.
- Доколку Рајан Гигс вечерва добие шанса, тоа ќе биде негов 141 настап во Лигата на шампионите, само еден помалку од рекордерот Раул Гонзалес.
Фаворит според најголемиот дел од прогнозите на типстер е Баерн Минхен.