Според истражувањето на фудбалската опсерваторија на ФИФА на Интернационалниот центар за спортски студии (CIES) од Швајцарија, челниците на Тотенхем се најдобри продавачи во Европа.
Тие од сезоната 2008/09 па до денес, инкасирале 322,1 милиони евра од продажба на фудбалери. Зад себе ги оствавија Реал Мадрид кои продале играчи во вредност од 303,7 милиони.
Најголема заслуга има трансферот на Герет Бејл кој минатото лето се пресели во Реал Мадрид за околу 100 милиони евра, а во ист правец замина и Лука Модриќ за 30 милиони.
Клубовите од петте најсилни лиги во Европа за пет години потрошиле неверојатни 12,5 милијарди евра, а на листата на најдобри 30 продавачи има само пет клубови кои не се од Топ 5 лигите. И тоа само затоа што Палермо и Портсмут во меѓувреме ги изгубија прволигашките статуси, а од останатите лиги стандардно добри трговци се Порто, Бенфика и Ајакс.
Екипата на Порто дури се најде и на третата позиција зад Тотенхем и Реал Мадрид со приход од 282,7 милиони евра. Зад Порто се Ливерпул (239,8) и Милан (229,5).