Атланта конечно победи

Заврши црната серија на Атланта Хокс. По шест порази во серија, Атланта ја победија Филаделфија.

Кошаркарите на Атланта го пречекаа еден од најлошите тимови во НБА оваа сезона и го искористија гостувањето на Филаделфија во Филипс арената за да ја прекинат низата од шест порази.

Филаделфија добро се држеше се до третата четвртина кога домаќините направија пресврт и на крајот триумфираа со 103:95.

Перо Антиќ имаше потпросечна вечер и за 21 минути игра забележа 2 поена, 4 скока и 2 асистенции.

Најдобар кај домаќините беше Милсеп со 28 поени, а кај Филаделфија се истакна Јанг со 23 поени.

Во четврток во 1:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Чикаго.

Резултати:
Атланта - Филаделфија 103:95
Индијана - Сан Антонио 77:103
Шарлот - Вашингтон 100:94
Детроит - Милвоки 116:111
Мајами - Торонто 93:83
Њу Орлеанс - Сакраменто 97:102
Чикаго - Бостон 94:80
Минесота - ЛА Клиперс 104:114
Денвер - Мемфис 92:94
Јута - Њујорк 83:93