Атланта Хокс го забележа и 32-от пораз, а истовремено Њујорк триумфираше против Бруклин, со што Никси ја презедоа осмата позиција која води во плејофот на источната конференција.
На осум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, тимот на Перо Антиќ не е на позиција која води во плејоф и може да го пропушти доигрувањето за прв пат по шест сезони.
Пресудни беа последните минути од третиот и почетокот на четвртиот период кога Чикаго направи серија од 17:5, а накрајот триумфираше со 92:105. Ова е 21 пораз на Атланта на последните 28 натпревари.
Антиќ одигра уште една потросечна партија. Тој на паркетот помина само десетина минути за кои не постигна поени (0/2 за 2п и 0/1 за 3п), а забележа само по еден скок и асистенција.
За Атланта не беа доволни ниту 22 поени од Милсеп и 21 од Тиг. Најдобар на натпреварот беше Аугустин од Чикаго со 23 поени.
Во сабота наутро во 1:30 по наше време, Атланта го пречекува Кливленд.