Шпанците плаќаат најскапи карти во Лигата на шампиони

Цените на влезниците секогаш се повод за дебати, посебно на стадионите во Англија, но во случајот на четврт-финалните натпревари од Лигата на шампиони, приматот го презедоа Шпанците.

Класичен пример за нереално високите цени на влезниците е натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Влезница за натпреварот на Сантјаго Бернабеу чини двојно повеќе од онаа за реваншот во Германија.

Влезници за домашните натпревари на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд може да се најдат и за под 40 евра, додека најевтин билет за Барса-Атлетико чини 93 евра.

Најевтино ќе поминат навивачите на ПСЖ кои за дуелот со Челси ќе платат 30 евра, но нивниот стадион ги има и најскапите влезници од ВИП ложите кои чинат 250 евра. Навивачите на Манчестер Јунајтед за дуелот со Баерн Минхен ќе треба да издвојат 45 евра, а Челси-ПСЖ ќе може да се гледа за 60 евра.

Кога се во прашање гостувањата, најлошо ќе поминат навивачите на Атлетико Мадрид кои за дуелот со Барселона на Камп Ноу ќе треба да платат по 93 евра.

 

1 април 2014 - 14:00