Антиќ растури против Индијана

Перо Антиќ постави нов личен рекорд во НБА лигата. Со 18 поени тој беше еден од најзалужните за високата победа на Атланта против Индијана.

Перо Антиќ се врати во форма и тоа на гостински терен против Индијана Пејсерс - еден од најдобрите тимови во источната конференција.

Тој на паркетот помина скоро 27 минути за кои постигна рекордни за него 18 поени (1/2 за 1п, 4/4 за 2п и 3/4 за 3п), а додаде и 6 скока и 1 асистенција.

Со високата победа од 88:107 кај Индијана, екипата на Атланта си ги зацврсти шансите за учество во плејофот. Сега тие имаа скор од 34/42 пред Њујорк со 33-45.

Поефикасен кај Атланта единствено беше Пол Милсеп со 25 поени, а кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 18 поени.

Во среда наутро во 1:30 по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Детроит.

Резултати:
Индијана - Атланта 88:107
Мајами - Њујорк 102:91
ЛА Клиперс - ЛА Лејкерс 120:97
Сакраменто - Далас 91:93
Хјустон - Денвер 130:125
Сан Антонио - Мемфис 112:92
Голден Стејт - Јута 130:102
Феникс - Оклахома 122:115
Портланд - Њу Орлеанс 100:94

7 април 2014 - 08:32