Лукоил екипа на колото во Бизнис Лигата

Во 13-тото коло на Бизнис Лигата на Македонија бевме сведоци на расплет кој ветува мошне интересна завршница во која ќе има голема борба за првите 8 места кои водат до тронот.

До победа своите компании ги водеа следните фудбалери: Влатко Ангеловски кај екипата на Dominos Pizza со дадени 4 погодоци, Даниел Боневски кај екипата на SISTINA со дадени 4 погодоци, Дарко Стојановски кај екипата на Гранит со дадени 3 погодоци, Јовче Зузаровски кај екипата на Eurolink со дадени 3 погодоци, додека Ајдин Бекировски кај екипата на ЈСП е најдобриот 5-ти играч на ова коло.

За голман на 13-тото коло е прогласен голманот на екипата на Лукоил – Марјан Цветковски, додека за тренер на ова коло е прогласен Нестор Алексиевски – тренерот на екипата на Македонски Телеком.

Екипа на колото е екипата на Лукоил.

ВЕЧЕРВА СТАРТУВА ЧЕТИРИНАЕСЕТТОТО КОЛО ОД БИЗНИС ЛИГАТА НА МАКЕДОНИЈA

По одличното 13то коло, вечерва со нови три натпревари ќе биде означен стартот на 14тото коло. Во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" следниве 6 екипи ќе се борат за подобар пласман:

ЈСП - Eurolink 19.30
Гранит - Глобко Логистик 20.30
ONE - Лукоил 21.30

И вечерва со сигурност ќе имаме одлична атмосфера надополнета со натпреварувачки елан, спортски дух и атрактивен фудбал.

 

24 март 2014 - 10:45