Ослабениот АМСМ надигран во дуелот со Гранит
АМСМ 5-16 (4-9) Гранит
АМСМ: Александар Миновски 1', Томе Стојановски 15', 19', Филип Вељановски 39', Зоре Петрушевски 20'
Гранит: Петар Пачански 3', 9', 9', 10', 23', Кире Атанасовски 7', 16', Дарко Стојановски 10', 12', 17', 25', 36', 40', Пепи Мицев 26', 32', Благоја Тагасовски 35'
АМСМ во натреварот против Гранит влезе значително ослабена со неиграње на неколку клучни играчи кои се доста значајни во нивната игра, а од друга страна имаше помалку играчи во ротација кои всушност требаше да дадат одговор на играта која Гранит ја гаи,а тоа е игра со многу трчање која бара исклучителна физичка подготвеност. Може да се каже дека Гранит ги искористи сите слаби точки на АМСМ и го доби овој натпревар со убедливи 5-16. Полувреме 4-9.
Оилко со повеќе нерви до победа над Dominos Pizza
Dominos Pizza 5-6 (4-4) Оилко
Dominos Pizza: Рубин Ангелевски 8', 39', Стефан Коцев 13', 20', Влатко Ангеловски 19'
Оилко: Кире Павловски 5', Дејан Јовановски 10', Сашо Крстев 16', 35', Виктор Трајковски 19', 37'
Исклучително изедначено прво полувреме во кое и двете екипи и покрај тоа што го дадоа својот максимум прикажаа исклучително атрактивен фудбал со многу офанзивна игра и на двете страни. На полувремето се отиде со израмнет резултат од 4-4. Во второто полувреме и двете екипи го задржија истиот начин на игра, се играше гол за гол што овозможи да се влезе во крајно неизвесна завршница. Но, се чинеше дека екипата на Оилко има нешто повеќе нерви и со ефикасна реализација дојде до победата од 5-6.
ЈСП ја доби SISTINA во последните секунди
ЈСП 5-3 (2-1) SISTINA
ЈСП: Велко Серафимовски 15', 16', 23', Марјан Србиновски 39', Тони Спасовски 40'
SISTINA: Александар Јаневски 12', 30', Даниел Боневски 21'
И на двете страни се играше брз и отворен фудбал со многу шанси за голови. Во првото полувреме екипата на ЈСП успеа да се одбрани со играч помалку и отиде на полувремето со минимална предност од 2-1. На самиот старт од второто полувреме екипата на SISTINA го израмни резултатот и во понатамошниот дел од натпреварот наизменично се менуваа во водството и на само минута пред крајот на израмнет резултат екипата на ЈСП се надмина себеси и даде два последователни гола за победа од 5-3.