Фудбалската швајцарска опсерваторија CIES направи анализа именувана како 2014 World Cup Preview која се однесува на 32 селекции кои ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство во Бразил кое стартува на 12 јуни.
Податоците всушност се однесуваат на репрезентациите и нивните членови кои преку квалификацискиот циклус обезбедиле пласман на Мундијалот, со исклучок на домаќинот Бразил на кој му се пресметани учествата на Купот на Конфедерации и пријателските мечеви.
Просечната возраст на играчите кои играле на квалификациите изнесува 27,2 години. Селекцијата со најстари играчи е Австралија со 30,2 години, додека земјата која стигната до Бразил со најмлади репрезентативци е Нигерија со просечна возраст од 24,2 години.
Возраста на играчите варира од 28,6 годишна просечна возраст која ја имаат Италијанците, па до 24,7 која важи за белгиската репрезентација. Најмладиот фудбалер кој настапил на квалификациите е Камерунецот Фабрис Олинга кој играл против Того со 16 години и 8 месеци, а највозрасен е голманот на Австралија, Марк Шварцер кој на мечот против Ирак настапил со 40 години и 7 месеци.
Тимот со играчи кои имале најголема минутажа на квалификациите е Реал Мадрид со 10.549 минути, потоа следува Барселона со 9.549 и Баерн Минхен чии членови одиграле 9.351 минута за своите селекции. Фудбалерот со најмногу истрчани минути е Нејмар со 1.594 минути.
Податоците покажуваа дека 48,9 од вкупниот број на минути ги одиграле фудбалери кои настапуваат во англиското, шпанското, италијанското, германско и француското првенство.
Селекциите на Камерун и Брегот на Слоновата Коска се единствените кои немале репрезентативци кои се дел од домашните првенства, додека Англија користела само играчи од Премиер лигата. Сите останати репрезентации имале барем по еден фудбал кој игра дома.