- Единственото соочување на овие две екипи се случи во групната фаза од ова натпреварување во 2004/2005. Челси под водство на Мурињо славеше во Париз со 3:0 со двата гола на Дрогба и еден на Тери. На реваншот немаше голови.
- Фудбалерите на ПСЖ имаат само еден пораз на последните 38 средби на сите натпреваривања.
- Златан Ибрахимовиќ постигнал 41 гол на последните 36 средби. Во групната фаза од ЛШ тој постигна 8 голови, а исто толку до сега успеале да постигнат Ван Нистелрој, Филипо Инзаги и Хернан Креспо.
- Челси ќе патува во Париз со пораз од Кристал Палас во домашното првенство. Пред две недели со идентични 1:0 загубија и од Астон Вила.
- Парижаните се наоѓаат во четвртфиналето по втор пат во низа и вкупно трет пат во нивната историја. Лани беа елиминирани од Барселона поради оние 2:2 на домашен терен. На „Камп Ноу“ беше 1:1.
Типстерите најмногу типуваат на ПСЖ.
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд
- Овие две екипи минатата сезона се сретнаа четири пати. Во групната фаза Борусија дома беше подобра со 2:1, а во Мадрид освои бод. Во полуфиналната пресмета Германците го шокираа Реал со 4:1 и по поразот од 2:0 на реваншот патуваа во финале.
- Последниот пораз на „Кралевите“ во Лигата на шампионите е токму од Борусија во полуфиналето. Од тогаш е во серија од 8 победи и едно реми со 31 постигнал гол.
- Германскиот тим во нападот ќе биде ослабен без казнетиот Левандовски кој на минатогодишното полуфинале ги торпедираше со 4 голови.
- Кристијано Роналдо вечерва ќе одбележи 100 настапи во ЛШ на кои има постигнато 63 голови. Сезонава е лидер на ова натпреварување со 13 погодоци на 7 меча.
- Реал Мадрид заедно со нивниот градски ривал се единствените две екипи кои немаа пораз оваа сезона во најквалитетното клупско европско натпреварување.