ЕЛЕМ го совлада ЕВН во електричното дерби
ЕЛЕМ 4-2 (3-2) ЕВН
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 10', 18', Димче Димитријески 16', Антонио Ничевски 25'
ЕВН: Патрик Караѓуле 15', Дарко Милошески 20'
Електричното дерби беше празник за очи од фудбалски аспект. Се играше одличен фудбал со доста луцидни потези и на двете страни. Уште на самиот почеток и двете екипи покажаа дека се дојдени по бодовите. Иако се играше на ивица на прекршок, се беше во рамки на фер плеј играта. Кај ЕЛЕМ мора да напоменеме дека имаше добра поврзаност во нападот, што впрочем им овозможи како на полувремето, така и на крајот од натпреварот да завршат со поголем резултат. Кај екипата на ЕВН пак, недостасуваше концентрација, особено во втората половина од второто полувреме, па не можеа да очекуваат поголем резултат. Натпреварот заврши со 4-2.
One со звукот на сирената до победа над МЕПСО
МЕПСО 4-5 (1-1) One
МЕПСО: Александар Стојчевски 8', Никола Несторовски 24', 40', Живко Николовски 27'
One: Дарко Таневски 19', 28', 40', Жарко Митевски 28', Коте Јанакиевски 37'
Се играше подеднакво добро и на двете страни, како во нападот, така и во одбраната, како што впрочем говори и резултатот на полувремето (1-1). Иако и двете екипи немаа толку добра реализација во нападот, тоа го покриваа со цврстата одбрана. На самиот старт од второто полувреме екипата на МЕПСО заигра во свој стил остварувајќи солидна предност од 2 гола. Но тоа не траеше долго, екипата на One ги консолидира своите редови и експресно се врати во натпреварот изеднувајќи го натпреварот на 3-3. Во понатамошниот дел од натпреварот бевме сведоци на драма. Натпреварот се одлучуваше буквално во последната минута кога One постигна гол за победа од 4-5.
Нухиу (UNIQA) незапирлив против Македонски Телеком
UNIQA 8-2 (0-0) Македонски Телеком
UNIQA: Арбен Нухиу 24', 24', 34', 40', Арбен Бајрами 32', Ибиш Мисини 36', 37', Љуљзим Каштањева 40'
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 24', Михајло Лазаревски 30'
Се играше доста отворен фудбал со одлично воиграни акции на двете страни. Во првото полувреме иако имаше многу шанси за гол мрежите останаа мирни. Но затоа пак, второто полувреме беше дијаметрално спротивно. Во само една минута (24') паднаа три гола, и тоа 2 за UNIQA и 1 за Македонски Телеком. На 10 минути пред крај од натпреварот Македонски Телеком изедначи и бевме како на самиот почеток на натпреварот. Но UNIQA преку Арбен Нухиу ја зеде работата во свои раце и го доби овој натпревар со убедливи 8-2.