Еден-два победа на Мерцедес и во Бахреин

Луис Хамилтон триумфираше на третата трка во новата сезона, а доминацијата на Мерцедес во новата сезона ја потврди Розберг кој заврши на втората позиција во Бахреин.

Мерцедес продолжи да доминира во новата сезона. На третата трка во сезоната за Големата на града на Бахреин, триумфираше Луис Хамилтон со време 1:39:42.743 часа.

Зад него заврши неговиот клупски колега Нико Розберг, а место на подиумот освои и Серхио Перез од Форс Индија. Актуелниот шампион Себастијан Фетел заврши дури шести.

За Хамилтон ова е 24-та победа во кариерата и втора оваа сезона по триумфот во Малезија, а Розберг победи на отворањето на сезоната во Австралија.

Следна на програмата е трката во Кина која ќе се вози на 20 април.

Резултати:
1. Луис Хамилтон - Мерцедес 1:39:42.743
2. Нико Розберг - Мерцедес + 1.085
3. Серхио Перес - Форс Индија + 24.067
4. Даниел Рикардо - Ред Бул + 24.489
5. Нико Хилкенберг - Форс Индија + 28.654
6. Себастијан Фетел - Ред Бул + 29.879

Генералeни пласман:
1. Нико Розберг 61
2. Луис Хамилтон 50
3. Нико Хилкенберг 28
4. Фернандо Алонсо 26
5. Џенсон Батон 23
6. Себастијан Фетел 23

Генерален пласман на конструктори:
1. Мерцедес 111
2. Форс Индија 44
3. Мекларен 43
4. Ред Бул 35
5. Ферари 33
6. Вилијамс 30

6 април 2014 - 19:21