Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.
Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.
Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.
Македонскиот вицешампион го доби и реванш дуелот против Чеховски Медведи во 8 коло од Лигата на шампионите и сега е уште поблиску до зацврстување на втората позиција во групата Ц.
По двата порази од Веспрем, македонскиот вицешампион славеше против Целје во седмото коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Вардар им го честиташе 15 годишниот јубилеј на Лојал фанс и се зацврсти на втората позиција во групата Ц.
Во сабота во Скопје, Вардар го пречекува словенечкиот Целје во обид со нови два бода да ја завцрсти втората позиција. Играчите од клупа ќе добијат поголема минутажа во дуелот против клубот кој го изненади Рејн Некар во минатото коло.
Ракометарите на Вардар беа немоќни и во реванш дуелот против ланскиот учесник во фајнлфорот кој пред својата публика многу полесно излезе на крај со Црвено црниот тим.
Избраничките на Индира Кастратовиќ го загубија последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Турингер, но тоа не им го загрози местото во следната рунда каде повторно ќе се игра во групи.
Ракометарките на Вардар на полувремето имаа 2 гола негатива, но на крајот имаа шут за победа против Будуќност од Подгорица. Конечните 24:24 во сенка на повредата на Андреа Лекиќ во 9' минута.
Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.
Црвено црните во сабота со почеток од 19 часот го пречекуваат до сега најтешкиот противник во новата сала од кој беа поразени во СЕХА лигата во Унгарија.
Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.
Ракометарките на Вардар во недела го играат четвртиот натпревар од ЛШ против Подравка, а тренерот Индира Кастратовиќ и левото крило Маја Зебиќ се сложија дека тимот не игра на потребното ниво.
Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до втора победа во низа и со овој триумф на гостински терен против Подравка со една нога се наоѓаат во втората фаза од ракометната Лига на шампиони.
Првиот натпревар за македонскиот ракометен шампион во „Јане Сандански“ најмногу ќе го памети голманката од Русија кој со неповторливи 28 одбрани беше најзаслужна за првата победа на нашиот женски претставник во Лигата на шампионите.
По воведниот пораз во Подгорица, ракометарките на Вардар за прв пат ќе играат во новата сала „Јане Сандански“, каде во сабота гостува екипата на Турингер, која во првото коло ја совлада Подравка.