Игор Караџиќ и Тимур Дибиров реализираа на самиот старт на последниот меч за Црвено црните во „Јане Сандански“ за 2014 година. Во 4 минута нашиот тим оствари водство и од три гола разлика, но ракометарите на Целје возвратија и стигнаа до 5:5.
Се играше многу брз и ефикасен ракомет со агресивна одбрана, а во 12 минута гостите стигнаа до прва предност од 7:8. Недостасуваа интервенциите на Штербик кој откако фати две топки, Вардарци како стампедо преку брзите контри на Дибиров, Брумен и Токсиќ направија пресврт и имаа 10:8.
Штербик го сопре и третиот напад на Целје по ред, но Вардар не продолжи во ист ритам во напад, направи две грешки и дозволи израмнување. Гонзалес свика тајм аут, а тоа придонесе за нова серија на нашите ракометарите кои со седмерецот на Дибиров во 20 минута имаа предност од 15:12.
Целје не се даваше и повторно се доближуваше резултатски, а откако Вардар при крајот направи и по трет па серија од 3:0, гостите постигнаа гол за 19:17 на полувреме.
Мрежите во првите две минути од вториот дел мируваа, но потоа атрактивен гол постигна Карачиќ. Целје и во вторите 30 минути покажа дека не е тим за потценување. Се играше гол за гол, а Словенците имаа брзи решенија во напад.
На средина од второто полувреме проработе раката на Сергеј Горбок кој ја пружи најдобрата партија откако го носи дресот на Вардар. Најпрвин имаше шутерска серија 4/4, а неговиот петти гол во 52 минута донесе за прв пат покомотно водство +5.
Од тој момент неизвесноста на мечот се намалуваше и Вардарци само ја одржуваа предноста која на крај падна на конечни 34:32.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дибиров со 7, Карачиќ постигна 6, а Токсиќ и Горбок го завршија мечот со по 5 погодоци,
Последниот натпревар за оваа година во елитната лига, Вардарци го играат на гости против Чековски Медведи на 6 декември.