ЖРК Вардар повторно беше дел од една драматична завршница во најсилното клупско европско натпреварување кое за жал не успеа да ја добие. Маја Зебиќ во последната минута при нерешен резултат не успеа да реализира пенал, а домаќинките во следниот напад постигнаа гол за победа од 21:20.
Нашите ракометарките лошо го стартуваа мечот, а првиот погодок го постигнаа по 6 минути игра преку Николиќ, но потоа го подигнаа нивото во играта особено во одбраната и на пауза се изборија за водство од 12:10.
Вардарки во второто полувреме постигнаа два гола во низа и по десетина минути игра ја одржуваа предноста. Некаде на средина од вториот дел ЖРК Вардар беше со две ракометарки помалку, а тоа Турингер го искористи и оствари водство од 16:13.
Во продолжението од мечот се играше гол за гол, а многу важни погодоци при крајот на мечот постигнаа Лазовиќ која израмни на 18:18 и потоа Кликовац за 20:20.
Јунак на средбата беше голманката Јана Краузе која го одбрани клучниот пенал за победа на Турингер и го заврши мечот со фантастични 20 одбрани, а Надгорнаја го реши мечот во последните секунди.
Најпрецизни кај ЖРК Вардар беа Лазовиќ и Пенезиќ со по пет гола, а Суслина имаше 13 одбрани.
Во следната групна фаза Будуќност патува со 7, Вардар со 3 и Турингер со 2 бода.