Моќта и силата Унгарците ја демонстрираа уште по 10 минути игра кога успеаа да направат предност од 5:1. Проблем плус за Вардарци освен отсуството на Стоилов и Горбок беше и Лацковиќ кој се повреди во воведните минути и не успеа да му помогне на својот тим.
Веспрем ја контролираше играта и резултатот и ниту во еден момент не излезе од ритам. Во 20 минута Вардарци имаа негатива од -5, а на полувреме за малку ќе губеа и со 7 голови, доколку Брумен не го постигнеше голот за 16:10.
Избраниците на Гонзалес немаа лек за противникот ниту за вториот дел и не успеаа да се спуштат под 5 голови разлика. Ракометарите на Веспрем имаа цврста одбраната и играа жестоко во напад, а тоа им носеше се поголема предност.
На две минути до крајот домаќините имаа највисокои +10, но нашите ракометари само ја намалија негативата и стигнаа до конечни 32:24.
Раул Гонзалес ги ротираше на голот Штербик и Ангелов но тие заедно успеаа да допринесат со само 8 одбрани. Кај победничкиот состав Роланд Миклер имаше блескава партија кој одбрани 18 удари.
Најдобри поединци на мечот беа Илиќ и Цајц со по 8 голови, а кај Вардар Прибак, Дииров и Душеабев постигнаа по 4 погодоци.
Во следното коло Вардар на домашен терен го пречекува Целје.