Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.
Паралелно со фудбалската возбуда која се ближи во Тбилиси, вести за гордеење ни пристигнаа од Унгарија, каде еден од нашите најдобри ракометни репрезентативци се надмина себе си, но и клубот.
По домашниот многу висок пораз од Кил, ракометарите на Вардар одново прикажаа ужасна игра, овој пат на гости против Веспрем кој им беше противник во последното финале во Келн. Не личи ова на европскиот првак.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Унгарски Веспрем, кој мораше да се поклони пред Вардар во финалето на ЛШ, имаше сосема добра сезона зошто ја освои титулата во домашното првенство и играше финале на Куп. Од клубот твитнаа интересна листа на најсилни удари сезонава. Многу високо котира Деки Манасков.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
ЕХФ ја стокми топ 5 листата на најатрактивни голови во реванш осминафиналните средби од Лигата на шампионите. Првото место го лапна македонски репрезентативец. Погледнете Деки како дрско му одигра на голманот на Спортинг на дуелот кој Веспрем го доби со 35:29.
Ако ЕХФ треба да бира фотографија на годината, еве им ја. Се случи пред салата Јане Сандански во очи на мечот меѓу Вардар и Веспрем. Реткост е ова, особено на наши простори. Браво за фотограф Кочо кој се нашол на право место.
Ракометарите на Вардар го загубија тешкиот меч против Веспрем, а со тоа и втората позиција во групата за која се води грчевита битка. Штета за поразот, бидејќи момците на Парондо одиграа фантастично прво полувреме во кое се изборија за +5.
Гостинскиот триумф над Веспрем и домашниот против Рајн Некар се доказ плус дека и покрај продажбата на важни имиња, Вардар годинава повторно сериозно ќе гризе за високи дострели. Гигантите го потценија па сега плачат за судењето.
Откако Вардар и натаму прави парче во Лигата на шампионите и откако завчера го совлада големиот фаворит на хартија, унгарски Веспрем, признание стигна и за одличниот Дибиров.
Можеби најдобар опис на неверојатната завршница на Ф4 во Келн даде главниот организатор, ЕХФ на својот Фејсбук: „Новите момци од РК Вардар дојдоа во Келн, немаа што да изгубат а на крајот победија сè.“
Веспрем и Кјелце ни донесоа инфаркт финален натпревар во Лигата на шампионите. 23 кратниот унгарски првак можеше лесно да стигне до трофејот уште во регуларните 60 минути, но Пољаците беа дрски и им го срушија сонот во второто полувреме.
Ракометарите на Вардар дрско му се заканија на унгарскиот гигант и се обидоа да испишат историја, но играта и резултатот во првите 30 минути не беа доволни за сензација и пласман во фајнлфор. Македонскиот шампион имаше +4 на паузата, но на крајот ремизираше.
Ракометарите на Вардар не успеаа да го добијат тврдиот противник и со посакувана победа да патуваат на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Унгарскиот состав со гранитна одбрана и големо искуство го освои Јане Сандански.
Ракометната треска во четвртфиналето од Лигата на шампионите стартуваше околу два часа пред мечот во фан зоната пред салата Јане Сандански. Навивачите на Вардар и Веспрем заедно се во исчекување на првата голема пресметка која се надеваме дека ќе ја добијат црвено - црните.
Ракометарите на Вардар трета година по ред се во обид да ја минат пречката наречена четвртфинале во ракомената Лига на шампиони и да им се придружат на Вардарки.
Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација стигна до најпосакуваниот и единствениот трофеј кој му фалеше во блескавата кариера, а тоа е Лигата на шампионите. Барселона го победи Веспрем и ја освои деветтата титула европски првак.
Ракометарите на Вардар беа немоќни и во реванш дуелот против ланскиот учесник во фајнлфорот кој пред својата публика многу полесно излезе на крај со Црвено црниот тим.