Рускиот ракометар пет пати се запиша во листата на стрелци во Унгарија и тоа тогаш кога црвено-црните беа во ситуација „стани-пани“ и делуваше дека концентрацијата може да им падне.
Со фантастичните продори и маестрални голови, Тимур доби индивидуално признание: го избраа во тимот на колото од Лига на шампионите - сосема заслужено.
Одличните партии на Вардарци (3/3) по втор пат им носат вакво признание затоа што во првото коло голманот Дејан Милосављев беше избран за најдобар голман на колото по лудите одбрани во Монпеље каде Вардар славеше победа.
После три одиграни кола Вардар е единствен непоразен тим во својата група. Црвено-црните во следното коло, на 6-ти во сабота го пречекуваат германски Рајн-Некар кој е трет на табела.
Тим на третото коло во ЛШ:
Голман: Родриго Коралес (ПСЖ)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Николај Маркусен (Силкеборг)
Среден бек: Јака Малуш (Целје Пивоварна Лашко)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило: Марио Шоштариќ (ПИК Сегед)
Кружен напаѓач: Лука Карабатиќ (ПСЖ)