Не е до судиите, Вардар и сезонава е многу јак

Гостинскиот триумф над Веспрем и домашниот против Рајн Некар се доказ плус дека и покрај продажбата на важни имиња, Вардар годинава повторно сериозно ќе гризе за високи дострели. Гигантите го потценија па сега плачат за судењето.

Унгарски Веспрем каде настапуваат бившите Вардарци Арпад Штербик и Дејан Манасков, загубија 25:27, а по поразот од Вардар клубот го отпушти нивниот тренер Љубомир Врањеш кој за судењето изјави:
„Проблемот беше во осумте суспензии. Имаше многу чудни одлуки од двајцата луѓе во црно. Не сакам ништо да му одземам на Вардар, но мислам дека некој сакаше ние да не победиме денес“.
По победата на Веспрем, Вардар го совлада и Рајн Некар па и нивниот тренер причините за поразот ги бараше кај судиите.
 
 
„Не сакам да седам тука како губитник, но исто така мислам дека судиите не ни дадоа шанса во финишот“, рече стратегот на Рајн Некар, Николај Јакобсен.
По овие плачки, специлизираниот сајт за ракомет Handball-Planet.com се одлучи да направи анкета со прашање: Дали судењето е клучно за победите на Вардар против Рајн Некар и Веспрем?
 
Врањеш и Јакобсен нека ги ѕирнат резултатите:
 
 
А може да го погледат и видеово од четвртфиналето меѓу Вардар и Фленсбург пред четири години за да видат што е лошо судење.
9 октомври 2018 - 14:23