Седум дуели меѓу овие две екипи и само еден триумф за Вардар е скорот кој ја покажува сериозноста на противникот преку кој црвено црните ќе се обидат да го оставарат сонот и да испишат историја со пласманот во Фајнлфор.
„Веспрем е последната пречка за Ф4 кој го чекаме. Игравме неколку пати со нив и добро се познаваме. Лани играа фајнлфор, им ја препуштам феворитската улога, но ние играме дома пред наша публика и одиме на победа. Ќе биде тешко, одбрана ќе го одлучи победникот“, изјави Столе Стоилов.
Тренерот на Вардар Раул Гонзалес ги потенцираше силните страни на унгарскиот состав, но изјави дека желбата за победа е голема без разлика со колкава разлика би ја оствариле.
„За мене Веспрем е многу силен противник, игравме со нив во финалето на СЕХА. Имаат многу добра одбрана и многу паметни и крупни играчи кои играат брзо и со контри. Ние ќе бидеме спремни и сакаме да победиме. Треба да имаме доверба, играме на многу фронтови и ни треба помош и од навивачите. За мене најважно е да победиме. Колку - не знам. Јас сакам да победам и со 10 разлика, но мислам дека тоа е невозможно. Ако сакаме да успееме треба да играме максимално сите 60 минути бидејќи вториот дуел се игра во Веспрем “, рече шпанскиот стратег.
Натпреварот се игра во сабота во Јане Сандански со почеток од 16:00, а реваншот е закажан за 30 април.