Дејан Манасков синоќа постигна 16 голови голови на меч во унгарскиот шампионат. Да, Ш Е С Н А Е С Е Т, а утринава клубот соопшти дека тоа е нов клупски рекорд. Каков подвиг за македонскиот репрезентативец.
Веспрем го совлада Ференцварош со 29:25, што значи дека Деки успеал да постигне повеќе од половина голови за својот тим.
На такви легенди во клубот, како што е еден Ласло Наѓ кој една година беше прогласен за најдобар ракометар во светот, а сега им е спортски директор, оваа страница во историјата на клубот му припаѓа на Манасков.
Досегашниот рекорд го држеше Момир Илиќ со 14 голови, а Марко Вујин, Урош Виловски и Гашпер Маргуч имаат постигнато по 12.
Од клубот на Фејсбук напишаа:
„Дејан Манасков постави нов клубски рекорд со 16 голови. Никој нема постигнато толку голови на еден натпревар во историјата на Веспрем, честитки“
Со оваа импресивна партија, тој стигна до јубилејни бројка од 400 погодоци за унгарскиот гигант.
Инаку Манасков е веќе трета сезона во Веспрем каде освои трофеј во домашното првенство, купот и СЕХА лигата, а минатата година го загуби финалето во ЛШ од Вардар.
Од поранешното вардарово друштво таму се Шишкарев, Македа и Борозан, како и тренерот Давид Дејвис, а голманите ги тренира Арпад Штербик.