Во последниот дуел за 2014-та година Црвено црните ја освоија Москва со 39:34 и на зимска пауза заминуваат со учинок од 5 победи, едно реми и двата порази од лидерот Веспрем кој е има три бода повеќе.
Првите десетина минута пружија доста израмнет ракомет во кои имаше дури десет израмнувања, а ги бркаа нашите ракометари. Со голот на Карачиќ Вардар за прв поведе во 11 минута.
Вардарци потоа влегоа во ритам и три пати стигнаа до водство од +3. Сергеј Горбок на две минути до крајот на полувремето постигна гол за четири голови предност, но Русите реализираат за 16:19 на паузата.
Вардарци добро ги започнаа вторите 30 минути и повторно ја вратија предноста од 4 голови предност, но домаќините ја искористија нивната опуштеност и најпрвин направија серија од 4:0 за 24:24, а потоа и поведоа.
Штербик се разбрани во второто полувреме, а во 51 минута Вардар се одлепи на три гола предност. Прашањето на победникот беше јасен на 3 минути до крајот со голот на Столе Стоилов кој погоди за +4.
Најефикасен стрелец кај Вардар беше Карачиќ со 8 голови, Душебаве постига 6, а Дибиров 5.
Претпоследниот меч во групната фаза од ЛШ тимот на Луис Гонзалес го игра на 14 февруари пред своја публика против Монпеље.