Македонскиот ракометен шампион имаше маестрално прво полувреме во кое беше целосно рамноправен противник против силната Барселона, но тоа темпо не го издржа во вториот дел во кое Каталонците тргнаа фуриозно и триумфираа со 30:23 во седмото коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион не успеа да го повтори успехот во реванш пресметката против лутиот градски ривал во шестото коло од Лигата на шампионите. Металург овој пат беше подобар противник и му се одмазди со победа од 26:18.
Победнички викенд за македонските ракометни претставници во елитната Лига на шампиони. По високиот триумф на Вардарци на гости против Тун и екипата на Металург славеше против белорускиот состав Динамо Минск со 34:29 и ја обезбеди третата победа во групата.
Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.
Делириум во салата „Борис Трајковски". Најскапиот состав оваа година во ракометната Лига на шампиони и еден од главните конкуренти за титулата доби шлаканица од македонскиот вицепрвак Металург кој славеше против Парижаните со 28:26.
Македонскиот шампион Вардар со борбена и цврста игра успеа да ја запре Барселона на првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите со конечни 29:29. Вториот наш претставник Металург почна триумфално на гости против швајцарски Тун со 23:22.
Македонскиот ракометен шампион Вардар утре со почеток од 18:15 во салата „Борис Трајковски" ја почнува европската одисеја против главниот фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Тренерот Зоран Кастратовиќ изјави дека доколку размислувале на пораз немале да се занимаваат со спорт.
Избраниците на Лино Червар загубија на реванш дуелот против Пиг Сегед со 23:19, но со оглед на разликата од 10 гола на првиот дуел, обезбеди пласман во најелитното ракометно друштво. Денешниот ден е историски за македонскиот ракомет затоа што имаме два претставника во ЛШ.
Викендов започнува загревањето за Светското првенство под име Куп на конфедерации. Домаќинот Бразил е главен фаворит според кладилниците, но големи шанси за уште една интернационално признание има и репрезентацијата на Шпанија.
Ракометарите на Хамбург кои дебитираа во финалето од Лигата на шампионите во драматична и неизвезна битка успеаа да слават над големата Барселона во продолженијата со 30:29.
Победите на двете лондонски екипи во последното коло од Премиер лигата беа добитните комбинации во Спортлајф овој викенд, исто како и триумфот на Порто кој беше клучна за шампионската титула во Португалија. Најмногу ливчиња се кинеа поради ремито на Реал во Кралскиот Куп и поразот на Лацио.
Викендов ќе се одиграат последните натпревари во Германија и Англија, а се ближи крајот и во Шпанија и Италија што значи дека имаме одлична понуда од која можеме да го составиме добитниот тикет.
Дејвид Бекам објави дека ќе се пензионира, а на кладилниците на островото им требаше само неколку часа за да ја збогатат својата понуда со коефициенти за иднината на англиската икона. Помеѓу другото, можете да се кладите и на тоа дали ќе биде градоначалник или премиер.
Победата на Порто во португалското дерби и гостинскиот триумф на Тотенхем беа најтипуваните натпревари ова коло во Спортлајф кои донесоа добивки. Разочарувачки беа нерешените натпревари на Милан и Реал, како и поразот на Манчестер Сити поради кои се кинеа ливчиња.
Ако им се верува на коефициентите кои беа намалени откако огромни суми на пари беа уплатени во кладилниците, наследник на Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед ќе биде менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс.
За време на велигденските празници, обложувачите во Спортлајф најмногу се израдуваа на победите на Арсенал, Валенсија и Марсеј, а ливчиња кинеа на германското дерби каде очекуваа повеќе погодоци, како и на киксот на Фиорентина на домашен терен.