Кладилниците ја најдоа замената на Фергусон во Манчестер

Ако им се верува на коефициентите кои беа намалени откако огромни суми на пари беа уплатени во кладилниците, наследник на Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед ќе биде менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс.

Разни имиња веќе долго време се вртат во комбинациите на гласинити и шпекулациите околу наследникот на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, но на крајот целата работа може да добие неочекуван исход.

Преку ноќ, главен фаворит за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед стана менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс. Кладилниците примиле огромни уплати за неговото име, па коефициентот за него од 5 падна на 1,57.

До пред неколку месеци, фаворит за наследник на Фергусон беше Пеп Гвардиола, но откако беше објавено дека од следната сезона ќе биде тренер на Баерн Минхен, коефициентот за него падна на 8. Потоа се шпекулираше и со името на Мурињо, но тој најверојатно ќе се врати во Челси, па неговиот коефициент е 9.

Следат Јирген Клоп со 15, Рајан Гигс со 17 и Оле Гунар Солскјер со коефициент 21.

50-годишниот Дејвид Мојс го предводи Евертон веќе 11 години, а неговиот договор му завршува на крајот од оваа сезона. Шпекулациите се дека тој од следната сезона ќе му биде асистент на Фергусон, а потоа и целосно ќе го наследи на неговата позиција.

 


Разгледајте ја понудата од билтенот на Спортлајф обложувалниците: