И покрај силината и моќта на противникот кој допатува во Скопје како клуб со најбогат буџет во Лигата на шампионите, искусниот состав на Лино Червар му беше рамноправен противник на Пари Сент Жермен.
Доказ за тоа е текот на резултатот кој во најголем дел од натпреварот беше нерешен. Првото водство на Металурзите се случи во 8 минута од 4:3, предност од само гол разлика која и двете екипи наизменично ја остваруваа во своја полза повеќе пати.
Во најголем елемент во составот од Автокоманда беа Ренато Вугринец и Дарко Станиќ, а најцврсто се игршаше некаде по 20 минути игра во првиот дел која мируваа мрежите. Гостите имаа водство во последните минути од првото полувреме, но пеналот во последната секунда за нашите ракометари донесе одлични 12:12.
Мотивацијата и борбеноста на избраниците на Червар продолжи и во вториот дел. Во првите десетина минути се играше идентичен ракомет како во воведните 30 минути со израмнета игра и резултат, но потоа на сцена стапија нашите ракометари кои ја дигнаа на нозе публиката во преполнетата „Борис Трајковски".
За прв на мечот еден тим успеа да направи поголемо водство од два гола разлика, а тоа се случи благодарение на одличните Вугринец и Димовски кои погодија во вистински моменти кога на паркетот неприкосновен со своите одбрани беше Дарко Станиќ.
Парижание брзо излегоа од шокот и по само 3-4 минути се вратија на негатива од -1. Металург успеа да го одржува водството но само до 50 минута кога гостите преку брза контра за прв пат направија водство во вториот дел кое изнесуваше 23:22.
Но тимот од Автокоманда не се предаде, туку напротив го одведе мечот во пеколни завршни 7 минути и успеа да направи пресврт со многу значајно водство од 3 гола против фаворитот на овој меч.
Искусниот лански четвртфиналист од Лигата на шампионите не дозволи да ја прокоцка предноста и на крајот славеше голема победа од 26:24. Како најсилно оружје уште еднаш се покажа одбраната, особено вонсерискиот Станиќ кој имаше фантастични 19 одбрани. Најдобар стрелец во нашиот табор беше Вугринец со 9 подогоци.