Во финалната пресметка во Келн се водеше борбена и неизвесна битка во текот на целиот меч, а во првото полувреме Каталонците беа подобар противник и постојано успеваа да одржуваат тесна предност од еден до два гола. Првиот дел го завршија со водство од 11:9.
По 5 минути игра во првиот дел Барселона водеше со 3 гола разлика, а ракометарите на Хамбург успеаа да ги анулираат за само 2 минути и да го израмнат резултатот. Првото нивно водство се случи во 43 минута и од тогаш тоа беа моменти кои им припаѓаа на Германците.
На 6 минути до крајот на средбата Хамбург ја направи и најголемата предност од 3 гола разлика, но како и многу пати на овој меч предноста беше анулирана и во 27 минута резултатот беше 24:24, благодарение на одличниот Томас во вториот дел. До крајот и двете екипи постигнаа уште по еден погодок и мечот пораше да се одлучува во продолженија.
Идентично како во поголемиот дел од второто полувреме ракометарите на Барселона повторно ја бркаа предноста на Хамбург кои успеаа да се одбранат во финишот и да стигнат од историската прва титула во најелитното клупско европско натпреварување.
Најпрецизен играч на мечот беше Рутенка со 8 погодоци, а во победничниот состав Краус постигна 6. Еден од најзаслужните за победата на Хамбург беше голманот Битер со 14 интервенции.
Во натпреварот за третото место на фајнлфорот, Кјелце го совлада минатогодишниот европски шампион Кил со 31:30.