Во рововска и тешка ракометна битка ракометарите на Вардар стигнаа до нерешен резултат на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против силниот Хамбург. Конечниот резултат е 28:28.
Македонскиот ракометен првак е исправен пред најтешкиот и најголемиот предизвик во сезоната, а тоа е мечот со бранителот на титулата, тимот на Хамбург со кој првата битка во осминафиналето од ЛШ ќе ја бие во сабота во „Борис Трајковски“.
Ракометарите на Хамбург кои дебитираа во финалето од Лигата на шампионите во драматична и неизвезна битка успеаа да слават над големата Барселона во продолженијата со 30:29.
Гигантите од европската ракометна сцена стигнаа до финалето од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Шпанците ја оправдаа фаворитската улога против полски Кјелце со 28:23, а во германското дерби Хамбург славеше против Кил со 39:33.