По 20 годишна кариера во која освои 6 титули во Премиер лигата и по 1 титула во Лигата на шампиони, шпанската Примера и француската Лига 1, 38-годишниот Дејвид Бекам објави дека се повлекува од фудбалот.
Што и да работи во иднина, повеќе од сигурно е дека тој добро ќе заработува, а маркетинг стручњаците предвидуваат дека со брендот кој тој го има изградено, Бекам во иднина ќе заработува и многу повеќе од до сега.
На кладилниците од островото не им требаше многу време за да ја преплават својата понуда со коефициенти за иднината на Бекам.
Една од најпопуларните опклади на кои може да вложите пари е тоа дека тој до крајот на годинава ќе биде прогласен за витез за неговите заслуги во фудбалот, но има и неколку чудни опклади како оние дека тој ќе биде премиер или пак ќе го глуми Џејмс Бонд.
Ова се дел од опциите за кладење:
- Ќе биде прогласен за витез - коефициент: 2,5
- Ќе се врати од пензија и ќе одигра барем уште еден натпревар - 4,5
- Ќе биде тренер на тим од Премиер лигата - 21
- Ќе биде дел од реално шоу - 26
- Ќе биде селектор на Англија - 101
- Ќе биде градоначалник на Лондон - 101
- Ќе го глуми Џемс Бонд - 201
- Ќе биде премиер - 1001
Разгледајте ја понудата од билтенот на Спортлајф обложувалниците: