Тикет на колото

Викендов ќе се одиграат последните натпревари во Германија и Англија, а се ближи крајот и во Шпанија и Италија што значи дека имаме одлична понуда од која можеме да го составиме добитниот тикет.

Фрајбург - Шалке Т2
На натпреварот кој одлучува за пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, Шалке ќе покаже дека има далеку поквалитетен состав од Фрајбург и ќе победи со барем два постигнати голови.

Хамбург - Леверкузен ГГ3+
Во последното коло од германската Бундеслига, ХСВ и Баер ќе одиграат натпревар без голем притисок и со многу голови.

Хетафе - Валенсија Т2
Валенсија мора да победи на последните 3 натпревари за да се избори за пласман во Лигата на шампиони и ќе ја продолжат својата добра форма со победа на гостувањето кај Хетафе.

Њукасл - Арсенал 2
Фудбалерите на Њукасл обезбедија опстанок и веќе размислуваат на својот летен одмор, а на Арсенал оваа победа му е потребна за зацврстување на 4-та позиција.

Рома - Наполи ГГ3+
На последните 3 дуели на овие екипи паднаа 13 голови. Секогаш кога играат Рома и Наполи натпреварите изобилуваат со голови, па така ќе биде и сега.

Каљари - Лацио Т2
Екипата на Лацио има добра серија од 3 важни победи и ќе ја продолжи добрата форма со победа против Каљари на натпревар на кој ќе постигнат барем 2 голови.


Погледнете ја и понудата од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

18 мај 2013 - 10:02