Тотенхем донесе пари, Милан и Сити потфрлија

Победата на Порто во португалското дерби и гостинскиот триумф на Тотенхем беа најтипуваните натпревари ова коло во Спортлајф кои донесоа добивки. Разочарувачки беа нерешените натпревари на Милан и Реал, како и поразот на Манчестер Сити поради кои се кинеа ливчиња.

ПОГОДЕНИ

Порто - Бенфика (резултат 2:1) - тип: 1 (коеф. 1.95)
Португалското дерби кое во предпоследното коло беше можеби одлучувачкиот меч за титулата, најголемиот дел од кладилничарите го типуваа на победа на домаќинот кој е поквалитетен и за кој коефицинетот беше помал. На крајот не го погрешија резултатот кој се покажа како добитна комбинација.

Фенербахче - Галатасарај (резултат 2:1) - тип ГГ & 3+ (коеф. 1.95)
Уште големо дерби се играше овој викенд, а актери беа екипите на Фенербахче и Галатасарај од кои се очекуваше минимум 3 гола. Конечниот резултат ги оправда очекувањата и на овој меч.

Стоук - Тотенхем (резултат 1:2) - тип: 2 (коеф. 1.95)
Екипата на Тотенхем води грчевита битка за место кое носи во Лигата на шампионите, а потребните бодови ги бркаше против Стоук Сити. Иако домаќините се на средината на табелата, први поведоа и им ги матеа сметките на кладилничарите. Пресвртот го направија Демпси и Адебајор кои донесоа добитни тикети.

Останатите најтипувани натпревари кои носеа пари ова коло се победата на Осасуна над Гетафе од 1:0, како и убедливиот триумф на Бешикташ над Генчербиргли од 3:0.

ПРОМАШЕНИ

Милан - Рома (резултат 0:0) - тип: 1 (коеф. 1.65)
Со оглед на попладневната победа на Фиoрентина над Палермо и доближувањеto на само два бода до Милан, „Росоњерите“ се очекуваше да стигнат до триумф над Рома и да го обезбедат третото место за Лигата на шампионите. Но мечот заврши без голови, а тоа беше неочекувано за оние типуваа на Милан.

Манчестер Сити - Виган (резултат 0:1) - тип: 1 (коеф. 1.35)
Составот на Роберто Манчини сезонава предвреме ги загуби шансите за титула во домашното првенство и во Лигата на шампионите, па ФА Купот беше единственото натпреварување кое им остана како утеха. Во кладилниците сите ја заокружуваа „единицата", но Виган направи сензација во 91 минута.

Лион - ПСЖ (резултат 0:1) - тип: ГГ & 3+ (коеф. 2.30)
Од француското дерби помеѓу Лион и ПСЖ обложувачите очекуваа возбудлив фудбал проследен со многу голови, но домаќините потфрлија на овој меч кој беше решен со голот на Менез и шампионска титула за составот на Анчелоти.

Останатите разочарувачки резултати за кладилничарите беа нерешениот резултат на Реал Мадрид на гостувањето против Еспањол кој го типуваа со тип 2, како и ремито без голови помеѓу Малага и Севиља каде очекуваа триумф на домаќинот.


Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

13 мај 2013 - 17:28