Англичаните донесоа пари, Реал и Лацио разочараа

Победите на двете лондонски екипи во последното коло од Премиер лигата беа добитните комбинации во Спортлајф овој викенд, исто како и триумфот на Порто кој беше клучна за шампионската титула во Португалија. Најмногу ливчиња се кинеа поради ремито на Реал во Кралскиот Куп и поразот на Лацио.

ПОГОДЕНИ

Челси - Евертон (резултат 2:1) - тип: 1 (коеф. 1.70)
Во последното коло од англиската Премиер лига најтипувани беа мечевите кои беа клучни за екипите кои се борат за излез во Европа, па затоа третопласираниот Челси не ги разочара кладилничарите и очекувано триумфираше над Евертон за да си го осигура третото место кои носи директно во Лигата на шампионите.

Тотенхем - Сандерленд (резултат 1:0) - најмногу типувана: 1 (коеф. 1.30)
Фудбалерите на Тотенхем мораше да триумфираат и да чекаат кикс на Арсенал за да се пласираат на четвртата позиција, но иако тоа требаше да бидат лесни 3 бода, Герет Бејл ја донесе победата дури во 89 минута.

Фереира - Порто (резултат 0:2) - најмногу типувана: 2 (коеф. 1.30)
Во последното коло од португалското првенство, Порто и Бенфика водеа мртва трка за шампионската титула, но Фереира играше натпревар без никаква важност, кој пак за Порто претставуваше 27 титула која ја обезбеди со гостинска победа.

Останатите натпреварите кои беа најтипувани за добивка се двата меча од шпанската Премиера дивизион. Победата на Ла Коруња над Еспањол од 2:0, како и гостинскиот триумф на Валенсија над Гетафе од 1:0.

ПРОМАШЕНИ

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 1.60)
Големото мадридско дерби беше последната можност за „Кралевите" да ја спасат сезоната и да освојат некој трофеј, но фудбалерите на Атлетико Мадрид не се предадоа и по голот на Роналдо го израмнија резултатот кој по регуларните 90 минути заврши без победник.

Каљари - Лацио (резултат 1:0) - тип: 2 (коеф. 1.70)
Лацијалите по трите победи но виза влегоа во добра форма, а кладилничарите очекуваа лесна гостинска победа и на Сардинија каде се сретнаа со тим без никаква потреба од бодови. Тимот на Петковиќ се бореше за место во Лигата на Европа и чекаше кикс на Удинезе, но на крајот разочара.

Сарагоса – Атлетик Билбао (резултат 1:2) - тип: 1 (коеф. 1.90)
Екипата на Сарагоса го одигра еден од клучните натпревари за да опстане во лигата, а пред себе го имаше Атлетик Билбао кој се наоѓа на средината на табелата без некои мотиви за игра. Крајниот резултат тотално ги разочара кладилничарите.

Другите најтипувани натпревари поради кои се кинеа ливчиња во кладилница беа поразот на Нанси од Бастија од 1:2 и ремито на Лил на гостувањето против Монпеље.


Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

20 мај 2013 - 17:30