Вакер Тун подобро го отвори натпреварот на стартот и направи предност од 3:1, но тие беа рамноправен противник само во првите пет минути, по што работите си дојдоа на свое место.
Ракометарите на Вардар одиграа одлично во одбраната, реализацијата беше на високо ниво, а Дибиров беше непогрешлив по брзите контра напади, по што Вардар ја презеде целосната контрола на натпреварот.
Нашиот шампион направи висока предност и константно одржуваше водство од 7-8 гола и на полувремето резултатот гласеше 11:19.
По осум минути игра во вториот дел Вардар за прв пат направи и двоцифрена предност (14:24), а најголемото водство достинга и 15 голови (15:30).
Огромната предност на вардарци им даде можност на ракометарите се опуштат и да прават атракции, па до крајот победата на Вардар доби и поголема тежина.
На крајот македонскиот шампион ја забележа првата победа во Лигата на шампиони со 24:37. Најефикасни во нашите редови беа Карачиќ и Душебаев со по 6 погодоци, Дибиров и Брумен постигнаа по 5, а Ангелов одбрани 10 удари кон неговиот гол.