ПОГОДЕНИ
КПР - Арсенал (резултат 0:1) – тип: 2 (коеф. 1.45)
Минималната но многу важна победа на „Топџиите" беше сосема очекувана за обложувачите овој викенд. Арсенал води жестока битка за местата кои носат пласман во Лигата на шампионите, а триумфот го обезбеди против фудбалерите на Квинс Парк Ренџерс кој наредната година ќе се натпреваруваат во втора лига.
Валенсија – Осасуна (резултат 4:0) – тип: 1 (коеф. 1.45)
Екипата на Валенсија е со истите амбиции како Арсенал, па сосема очекувано овој натпревар се покажа како сигурен по мерак на обложувачите. Валенсија издвои убедлива победа и се најде на многу тикети.
Марсеј – Бастија (резултат 2:1) – тип: 1 (коеф. 1.55)
Олимпик Марсеј беше апсолутен фаворит на дуелот против екипата на Бастија која е речиси спасена од испаѓање. Домаќините одеа на триумф за да ја одржат предноста пред Лион и како второпласирани директно да се пласираат во Лигата на шампионите.
Останатите очекувани фиксови кои беа најмногу заокружувани овој викенд се победата на Сошо над Лориент со 1:0, како и триумфот на Грасхоперс над Сервете.
ПРОМАШЕНИ
Фиорентина - Рома (резултат 0:1) - тип: 1 (коеф. 2.00)
Виолетовите имаат одлична сезона и по долго време имаат шанси за третото место кое обезбедува квалификации за Лигата на шампионите. Но составот на Монтела загуби на домашен терен од „Римската Волчица" и ги разочара обложувачите.
Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (резултат 1:1) - тип: ГГ & 3+ (коеф. 1.90)
Германското дерби како увертира на големото финале од Лигата на шампионите не донесе баш ефикасен фудбал со многу голови како што прогнозираа во обложувалниците.
Вердер – Хофенхајм (резултат 2:2) - тип: 1 (коеф. 2.10)
Огромно разочарување за обложувачите ова коло беше и киксот на Вердер на домашен терен кој се уште не е математички спасен од испаѓање, а беше еден од најтипуваните екипи за победа.
Победи на домашен терен овој викенд најмногу се типуваа и на средбите Селта – Атлетик Билбао и Сент Етјен – Бордо кои завршија без победник.
Разгледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.