Според изборот на Европската куќа на ракометот, Ренато Вугринец е најдобар десен бек на колото од Лигата на шампионите со постигнати 9 гола на мечот против ПСЖ, додека русинот Тимур Дибиров се најде помеѓу најдобрите ракометари на својата лева крилна позиција со шесте гола кои ги постигна на гостувањето против Динамо Минск.
Со оглед на извонредната партија на голманот Дарко Станиќ кој беше еден од клучните играчи на победата на Металурзите против ПСЖ со 19 одбрани, можеби ЕХФ требаше да најде место и за него во овој избор.
Во тимот на колото покрај одличните Вугринец и Дибиров се: голманот Славомир Шмал (Киелце), левите бекови Филип Јиха (Кил) и Лукас Карлсон (Колдинг), десното крило Валентин Гионеа (Висла) и пивотот Јакоб Хеинл (Флензбург).