Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.
Кошаркарите на Атланта Хокс го претрпеа 11-от пораз по 22 одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" без Перо Антиќ немаа одговор за одличниот Кевин Дурент.
Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.
Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.
Ок е денешниот ден затоа што веројатно ви стигнала платата и сега правите планови какви ќејфови да терате викендов. Најлесно тоа ќе го испланира Коби Брајант затоа што денеска му легнаа на сметка скромни 24 милиони долари.
Фудбалерите на Рома имаат многу причини за славје. Не само што по подолго време се неприкосновени лидери во Серија А, туку и го срушија рекордот на Јувентус со 10 победи на почетните 10 натпревари.
Го дочекавме и тој ден. Македонија и официјално стана дел од НБА лигата преку Перо Антиќ кој ги одигра првите осум минути за кои остана без поени при поразот на Атланта на гостувањето кај Далас.
Рикардо Кака уште еднаш покажа дека е голем мајстор. Тој го постигна својот прв гол по враќањето во Милан и тоа не обичен гол, туку вистинско ремек дело. Сепак неговиот гол не беше доволен за победа на Милан и неговиот тим одигра 1:1 против Лацио.
Ако денот по утрото се познава, тогаш ни претстои многу интересна НБА сезона не само заради возбудливите натпревари, туку и заради забавните моменти кои се неизбежен дел од овој кошаркарски циркус. Ова се најинтересните моменти од НБА претсезоната.
Започна 68-та сезона во НБА лигата. Кошаркарите на Мајами Хит ги добија шампионските прстени и му го расипаа враќањето Роуз. Резервите на Лејкерси го добија градското дерби против Клиперс, а Индијана го совлада Орландо.
Конечно стартува 68-та сезона на НБА лигата, за нас уште поинтересна заради настапот на Перо Антиќ, првиот Македонец во најквалитетната кошаркарско натпреварување. Мајами Хит повторно е фаворит за одбрана на титулата, но конкурентите оваа сезона се побројни и поквалитетни.
Без сите играчи од стартната петорка на претходниот натпревар, Атланта Хокс загубија од Далас Маверикс на последниот натпревар пред почетокот на новата сезона, а Антиќ доби најголема минутажа до сега.
Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.
Последниот месец од летниот трансфер период стартува денеска, а по доаѓањето на Тевез и Љоренте во Јувентус, Игуаин и Калехон во Наполи и Марио Гомез во Фиорентина, еве ги 10-те фудбалери кои би требало да ги одбележат завршните 30 дена во Серија А.
Лос Анџелес Лејкерс најмногу се опуштиле во делење плати минатата сезона и за надминувањето на селари капот ќе треба да искешираат дополнителни 30 милиони долари. Но има и такви кои пазат на секој долар и во изминатава декада ниту еднаш не го надминале лимитот.
НБА лигата ја одреди сумата на селари капот кој за сезоната 2013/14 ќе изнесува 58,7 милиони долари, а минатата сезона најмногу над лимитот за плати преминале ЛА Лејкерс кои ќе треба да платат дополнителен данок од скоро 30 милиони долари.