Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
Македонскиот ракометен шампион имаше маестрално прво полувреме во кое беше целосно рамноправен противник против силната Барселона, но тоа темпо не го издржа во вториот дел во кое Каталонците тргнаа фуриозно и триумфираа со 30:23 во седмото коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион не успеа да го повтори успехот во реванш пресметката против лутиот градски ривал во шестото коло од Лигата на шампионите. Металург овој пат беше подобар противник и му се одмазди со победа од 26:18.
Второто полувреме од највозбудливата ракометна скопска пресметка во Лигата на шампионите не очекува во недела во 18 часот, а ракометарите на Вардар влегуваат со психолошка предност по одличната партија и триумфот на првиот дуел.
На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, македонскиот ракометен шампион ги доби противниците за следната фаза од ракометната лига на шампионите за жени, каде ќе се сретне во група со екипите на Митјиланд, Савехоф и Туринген.
Ракометарот на македонскиот шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров се најде во најдобриот тим, а еден од неговите погодоци против Металург е прогласен за најдобар гол на колото во ракометната Лига на шампиони.
Со далеку подобра и поорганизирана игра првото македонско дерби во историјата на најсилното клупско ракометно натпреварување му припадна на македонскиот шампион кој заслужено излезе како победник против Металург со 27:22.
Македонскиот ракомет денеска испишува нова историја во Лигата на шампионите. За прв пат во најелитното клупско натпреварување ќе се сретнат две екипи од ист град. Дерби кое добива разни епитети, од македонско до балканско со европски шмек.
Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.
По шокот од Барселона, македонскиот вицешапион Металург ги продолжува настапите во ракометната Лига на шампиони. Во четвртото коло во „Борис Трајковски" гостува екипата на Динамо Минск која минатата година беше елиминираната од „Металурзите" во осминафиналето.
Актуелниот шампион на Македонија беше на чекор до нова сензација во „Борис Трајковски“. Ракометарите на Вардар испуштија напад за победа и им дозволија на ѕвездите од ПСЖ да си заминат од скопскиот пекол со бод.
По само една седмица, македонските љубители на ракометот повторно ќе уживаат во нов спектакл. Во салата „Борис Трајковски" во сабота гостува скапиот состав на ПСЖ кој ќе ги одмери силите со Металург во рамките од второто коло од Лигата на шампионите.