Услужната економија во последните години се повеќе се шири на животни области во кои некогаш преовладуваа неформални облици на помош и совети од членовите на семејствата.
Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.
За време на велигденските празници, обложувачите во Спортлајф најмногу се израдуваа на победите на Арсенал, Валенсија и Марсеј, а ливчиња кинеа на германското дерби каде очекуваа повеќе погодоци, како и на киксот на Фиорентина на домашен терен.
Во исто време и двете компании сакаа да го купат Инстаграм. Фејсбук даваше 1 милијарда, Твитер 520 милиони. Крајниот исход (иако така изгледа) нема никаква врска со парите.
Минатата недела еден американски државјанин беше осуден на 15 години тешка робија во Северна Кореја. Казна што тука е многу поразлична отколку во остатокот од светот.
Хедер Дуи-Хагборг е таканаречен „информациски уметник", таа создава уметност која отсликува различни типови истражувачки резултати. Еден од нејзините проекти - правење портрети врз основа на ДНК анализа на влакна и исплукани мастики за џвакање.
7 дена ниту залак храна, само вода, не заради религиозни причини, не заради здравствени причини, туку онака. Најголемо изненадување - да не ти се верува колку слободно време имаш кога не треба да јадеш.
Не само што изгледа како разгледница и потсетување на некое поромантично време, возењето велосипед до работа едноставно е добро, за вас, за околината, за вашиот буџет и за работата. Мај почна, на нас останува малку да ве настрвиме и вие да ја почнете сезоната на точак.
Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.
Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.
"Ел Чапо" Гузман, шефот на еден од најуспешните и најозлогласените нарко-картели во Мексико, кој паралелно со ужасите и стравот го создаде и еден од најефикасните синџири на снабдување во корпоративната историја.
Иако на прва може да помислите дека алчноста е главниот порив на банкарите, тоа е затоа што не разбирате дека: тие имаат длабока психолошка потреба за пари.
Германската машинерија повторно ја посрамоти Барселона и со вкупен резултат од 7:0 го елиминираше шпанскиот гигант кој беше тотално немоќен и пред своите навивачи. За прв во историјата на Лигата на шампионите ќе гледаме германско финале.
Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампиони. Реал Мадрид извојува пирова победа од 2:0 и Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.
Сето ова што ќе ви го раскажеме се случи во финале на Куп во аматерска бразилска лига. Најпрвин се создаде гужва која судијата ја расчисти со два црвени картони, од кој вториот си го заработи тренерот. Играчите почнаа да го бркаат главниот судија, а тренерот го грабна за врат. Потоа линискиот судија ни крив ни должен доби камен во тело и мало освежување со вода.
Повеќе од 3.000 луѓе работеа на производството на евтини маици за европските компании, кога се сруши зграда во Бангладеш. Стотици умреа бидејќи објектот ги немаше ниту најосновните безбедносни стандарди.