Сам на гостување

Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.

Еден навивач на рускиот клуб Волга помина 1500 километри за да го бодри својот клуб на гостувањето кај Краснодар. Заради празниците, останатите навивачи не можеле да организираат чартер лет, но тоа не го спречило и решителниот навивач кој патувал повеќе од 30 часа, а на гостинската трибина го чуваа дури 7 полицајци.

Екипата на Пескара е закопана на дното на италијанската Серија А, но резултатите не претставуваат пречка за Вилијам Желсомино кој викендов беше осамен на гостинската трибина во Џенова.

Неговиот тим беше совладан со 4:1, а навивачот на Пескара доби аплауз од домашните навивачи, но и од фудбалерите на двете екипи.

7 мај 2013 - 08:53