Пита

Пита од банана

Вкусен десерт од банана, карамел и лешници.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 400гр. несолена урда
  • 60гр. шеќер во прав
  • 40гр. путер
  • 55гр. кафеав шеќер
  • 90мл. хопла
  • 3 банани, излупени и пресечени на кругови
  • 45гр. лешници, крупно сецкани

Тесто

  • 500гр. брашно
  • 250гр. путер
  • 2 јајца

Подготовка

Замесете тесто од брашното, путерот, јајцата и 2 лажици ладна вода и исукајте правоаголна тенка кора.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте со малку масло правоаголно тавче и со притискање обложете го со тестото дното и ѕидовите.
Со вилушка направете дупчиња во тестото. Ставете го тавчето во фрижидер 5 минути. Потоа печете го тестото во загреаната рерна 15 минути додека да добие светло кафеава боја.
Во меѓувреме со миксер изматете ја урдата со шеќер во прав и третина од хоплата. Во мало тавче измешајте го путерот со остатокот од хоплата и кафеав шеќер. Загрејте ги на рингла на слаб оган околу 5 минути за да се растопат. Тргнете го тавчето од рингла.
Со лажица наполнете ја изматената урда во тавчето со печено тесто. Одозгора наредете ги кругчињата банана така што малку да се преклопуваат. Прелијте ги со сосот. Одозгора наронете ги кршените лешници.
Послужете ја питата веднаш. На здравје!

1 мај 2013 - 07:00