Јагнешко

Печено јагнешко со зеленчук

Традиционален велигденски ручек.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 750гр. јагнешко месо
  • 1 лажица маслиново масло
  • 200гр. моркови
  • 400гр. млади компири
  • 2 лажици путер
  • 1 лажичка рузмарин
  • сол и бибер
  • 200гр. млада боранија

Прелив

  • 60мл. соја сос
  • 300мл. вода
  • 1 лажичка густин
  • 80мл. црвено вино

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Зачинете го јагнешкото со сол и бибер по вкус. Загрејте масло во тава на силен оган. Пржете го парчето јагнешко по 1 минута од сите страни.
Поставете го јагнешкото во плех и наредете ги околу него морковите и компирите. Додадете путер и зачинете со рузмарин.
Печете го месото и зеленчукот 20 минути.
Сварете ја боранијата во тенџере зовриена вода, околу 10 минути. Процедете ја од водата. Во сад измешајте лажичка густин во ладна вода. Во тава измешајте соја сос и црвено вино и гответе ги околу 1 минута. Додадете ја водата и густинот и мешајте додека смесата да се згусне.
Сервирајте го јагнешкото и зеленчукот во чинии. Додадете од варената боранија и прелијте го месото со сосот.
На здравје!

3 мај 2013 - 19:32