Бенфика – Фенербахче (2:1) 3:1
Гајтан 9, Кардозо 35, 66 - Кајт 23 пен.
Актерите во Лисабон приредија доста возбудливо прво полувреме со 3 погодоци. Домаќините тргнаа офанзивно по голот на Фенербахче во обид што побрзо да ја анулираат предноста на Турците од првиот дуел. Притисокот се исплатеше уште по 9 минути игра кога по одличната акција Гајтан го отвори резултатот.
Фудбалерите на Фенербахче беа во подредена улога, и уште при првата мешаница во спротивниот шеснаесетник добија сомнителен пенал од акција на која и претходеше и офсајд ситуација. Искусниот Кајт ја искористи можноста и го израмни резултатот.
Португалците беа во шок, но во 35 минута Кардозо доби употреблива топка на работ од шеснаесетнкот, одлично си создаде прилика за шут и го одведе својот тим во водство од 2:1.
Домаќините притискаа и во второто полувреме, а одличната игра ја крунисаа со погодок кој им донесе водство за финале. По корнерот во 66 минута Кардозо најдобро се снајде во пред голотот и го постигна својот втор гол на мечот.
Челси – Базел (0:1) 3:1
Торес 50, Мозес 52, Луиз 59 - Салах 45
Интересно прво полувреме се играше и на „Стемфорд Бриџ" во Лондон каде гостите тргнаа офанзивно и уште на стартот на мечот Штрелер со волеј удар не успеа да го совлада Чех. По 10 минути опасно биеше и Лампард кој ја погоди пречката.
Во последните секунди од мечот одлична завршница имаше Мохамед Салах кој доби одлична топка од Стокер, ја избегна офсајд замката и непријатно ја изненади англиската публика.
Тоа очигледно дека ги разбесна домаќините кои во второто полувреме за 9 минути одговорија со 3 погодоци и ставија крај на надежите на Базел. Во 50 минута Фернандо Торес го израмни резултатот, а по 2 минути по ударот на шпанскиот напаѓач, Мозес го собра отпадот и направи целосен пресврт.
Во 59 минута кога сите очекуваа капитенот Лампард да бие, дефанзивецот Давид Луиз испрати неочекуван проектил и зголеми за 3:1.