Без месо

Канелони со спанаќ

Лесен и брз италијански ручек.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 750гр. урда
  • 150гр. спанаќ
  • 4 листови готово тесто за лазањи
  • 400гр. доматен сос
  • 75гр. рендан кашкавал
  • 60гр. рукола

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја урдата во длабок сад. Додадете сецкан спанаќ. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ја смесата.
Зовријте вода во поголемо тенџере на силен оган. Ставете ги листовите тесто за лазањи во водата и извадете ги за 30 секунди врз кујнска крпа за да се впие вишокот на течност.
Поделете ја смесата од урда и спанаќ на 4 дела. Ставете од смесата врз парче тесто и замотајте го во ролна. Повторете ја постапката со остатокот од смесата.
Ставете го половина од доматниот сос во тавче за печење. Врз сосот наредете ги подготвените канелони. Врз нив додадете го остатокот од сосот. На крај додадете го ренданиот кашкавал.
Печете ги канелоните 30 минути. Послужете ги веднаш со салата од рукола.

6 мај 2013 - 11:37