Блумберг направи листа на цените на бензинот низ светот. Во Венецуела не е јасно како се исплати да имаш бензинска, во Норвешка веројатно со Бајадера те пречекуваат.
Џеј Лено во моментов има два проблема - прво, шоуто нема рејтинзи како порано, второ, шоуто чини далеку поскапо отколку пред тој да се врати. Второво, почнаа да го решаваат преку платата на Лено.
Кога се во прашање неочекувани ЈуТјуб ѕвезди феномени, некако Кореецот Psy е многу повеќе фаца отколку Карли Ре или Ребека Блек. На прва, дечкото е нешто како корејски Мањифико.
Освен луѓе кои се трајно избрани од народот, има и некои што успеваат по неколку децении да победуваат на секој избор, плус неколкумина што по кралска линија ја држат функцијата. Ако се точни математикиве, сметајте дека ал Асад никогаш никој нема да го смени.
Го викаат "господине Претседател," ама ниту живее во Белата куќа, ниту некој го смета за претседател, ниту некој би гласал за него, само е полубрат на претседателот Обама.
Конечно некаков светски резултат за кој може да се каже дека и ние сме помогнале: третото место на листата најбогати луѓе на светот штотуку го освои Аменсио Ортега, сопственикот на ланецот за облека Зара.
Во светот на неверојатните американски бројки, Амтрак (железничката компанија која ги спојува двата брега на САД) има минус од 833 милиони долари - и тоа само во секторот храна.
Во изминатите 3 години само во Аризона се откриени 22 подземни тунели исклучиво наменети за шверц на дрога во САД. Она што е проблем е што веројатно уште исто толку се ископани до сега.
По 50-години владеење, Граѓанинот Кејн повеќе не е најдобар филм на сите времиња. Првото место на убер-престижната Sight & Sound листа на Британскиот Филмски Институт сега го има Vertigo на Хичкок.
Откако Њујорк Тајмс се истрча со информацијата дека Епл го купува Твитер (а не го купува), луѓето седнаа да пресметаат колку многу пари има Епл (бидејќи се знае дека има многу).
59 годишниот Стојан Ѓуриќ е погребан на нишките гробишта до својата ќерка која со пиштол ја убил пред неколку дена. Ова не е приказна за човечката монструозност туку за очајот на семејствата кои имаат членови со тежок хендикеп и за слепилото на околината и институциите.
Организаторите на Лондон 2012. имаа одлично отворање, имаат одлични дуели уште на почетокот на Игрите, ама уште немаат живо пиле на трибините. Барем така изгледа на телевизија.
Разводите не мора да бидат гадни и трауматични. Босанката Дијана и нејзиниот довчерашен сопруг тврдат дека го имале најсреќниот развод на светот. Тој замина во прегратките на Ел Мекферсон а таа остана со 150 милиони фунти во џеб.
Физички најподготвените примероци на човечкиот род од денеска во Лондон ќе почнат да си ги одмеруваат силите. А во природата, живеат и поголеми Олимпијци од Олимпијците.
Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.
30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.
Малку криптографија, малку неуролошки науки и еден Бугарин е на пат да ни подари интернет лозинки кои не ги ни знаеме. Сè додека не ни пуштат една игрица. Хммм...