Џорџ Хусеин Обама е полубрат на Барак, и тука завршуваат буквално сите сличности со претседателот на САД.
30-годишниот Џорџ живее во колиба во гетото Хурума во Најроби, каде (како што тој тврди) намерно се преселил за да им помогне на најсиромашните. Сепак, вистината е многу помалку холивудска отколку што тој ја кажува.
По долги години проблеми со алкохолизмот и дрогите, Џорџ се преселува во гетото, каде прво алкохолот е поевтин и второ има толку многу алкохоличари што никој не обрнува внимание на него.
Иако тврди дека повеќе не користи хероин, Џорџ најголемиот дел од времето го минува пиејќи Чанг'aa, локална брља направена од ферментирана пченка, етанол, течност за балсамирање и киселина од батерии. Една чашка од ова чини околу 15 американски центи, и дури и најтешките алкохоличари не можат да испијат повеќе од 5 чашки.
Кога новинарот на Дејли Меил, што ја прави репортажата, се прелажува да го викне Џорџ на ручек во неговиот хотел во Најроби, тој останува кај него цели два дена.
"Следните два дена тој прави опсада на мојот мини-бар, поканува серија на девојки и 'советници за безбедност,' кои пијат и јадат на моја сметка и се однесува како да е славна личност. Тој комплетно се вознемири кога одбив да им дадам пари на некои од неговите девојки," пишува Ендру Мелоун.
Во моментите кога стигнале да разговараат, Џорџ "без ниту трошка самоосвестеност" објаснува дека многумина му вршат притисок и тој да почне со политика, ама тој не бил заинтересиран за тоа.
"Луѓето постојано ми велат дека треба да станам член на парламентот. Но јас не сум заинтересиран за тоа. Ама ако Барак е претседател и јас станам претседател на Кенија, тогаш ќе биде полесно да се среќаваме," објаснува полубратот на Барак.
Џорџ е роден 1981-ва. 6 месеци по раѓањето неговиот татко загинува во сообраќајна несреќа. Мајка му се премажува со белец и сите живеат солидна населба во Најроби.
Како што тој објаснува, обидувајќи се да се вклопи во околината (бидејќи е единствен со татко белец) тој на 10 години почнува со пиење алкохол и дување марихуана. Пет години подоцна тој е избркан од интернат, заради користење дроги. На 17 години станува зависник од хероин и кокаин и почнува со вооружени грабежи. Во 2003-та, Џорџ добива затворска казна заради учество во вооружен грабеж.