Ова најмногу се почувствува во саботата на дуелот меѓу Рајан Лохте и Мајкл Фелпс, кога на преносот изгледаше како двајцата пливачи да се натпреваруваат пред празни трибини.
Проблемот всушност е што празните места се резервирани за корпоративните спонзори, кои ги добиваат најдобрите позиции на трибините. Овие места го имаат и најдобриот поглед на базенот, но тоа исто така значи и дека овие места се појавуваат и на телевизиските преноси. Кога овие места се празни, тогаш и целите игри не изгледаат посетено.
Организаторот предвидува две решенија за проблемот. Првото е слободните места да им ги подели на членови на армијата, професори и ученици, а второто е воведување на правилото од 30 минути, по кое седиштата кои нема да бидат пополнети во првиот половина час од настанот, ќе бидат достапни за јавноста.