Заменикот комисионер на НБА, Адам Силвер, во Лас Вегас изјави дека сопствениците на тимовите речиси едногласно биле за планот да се стави налепница со спонзор со големина 6,3 х 6,3 сантиметри, на левата прерамка на дресот.
Планот се уште чека на одобрување, но Силвер изјавил дека очекува правилата да бидат изгласани до почетокот на следната сезона, за тимовите да имаат време од 1 година да ја продадат налепницата, а Адидас да има време да ги подготви новите дресови кои ќе се продаваат.
Налепницата се очекува да им донесе меѓу 100 и 125 милиони долари на 30-те НБА тимови (заедно). По проценките на маркетинг аналитичарите, во зависност од тоа колку е пазарната вредност и популарноста на играчите, тимовите ќе можат да ги наплатат налепниците меѓу 1,5 и 7,5 милиони долари за сезона.