Епл моментално располага со 117 милијарди долари во кеш (не како акции, недвижнини и сл.), и што е уште поважно нивното купче расте за отприлика 1 милијарда долари неделно.
Прашањето е дали Епл ќе ги потроши парите на купување на една голема компанија или пак на ситно би купувал десетина други.
Препораката од Њујорк тајмс за шопинг листата не Епл е следна:
Naunace - се луѓето кои стојат зад најголемиот дел од технологијата на Сири - цена 6,3 милијарди долари.
Твитер - се проценува на 10 милијарди долари.
Path - социјална мрежа која работи само на мобилни и има огромен број на корисници на Ајфон - цена меѓу 250 милиони и 1 милијарда долари.
РИМ - производителот на БлекБери. Без разлика што Ајфон ги изеде БлекБери телефоните, по денешната цена на РИМ не се исплати да не го купиш. Тука се неговите услуги кои уживаат сериозно голема поддршка во бизнис светот и во владините институции, плус патентите на РИМ кои се проценуваат меѓу 1 и 4 милијарди долари - цена 3,7 милијарди долари.
Square - компанијата формирана од ко-основачот на Твитер, Џек Дорси, која треба комплетно да го промени начинот на кој плаќаме преку воведување на нивното мобилно плаќање - цена 3 милијарди долари.
Sprint - еден од главните телеком оператори во САД - цена 13,5 милијарди долари
ТОТАЛ = 97 милијарди долари
И кога би ги потрошил овие пари за купување на компаниите, на Епл пак ќе му останат 20 милијарди долари во кеш, со кои што ќе може што сака да прави.