Во петокот вечерта, студиото отпуштило меѓу 20 и 25 луѓе кои работеле на шоуто, со цел буџетот да го вратат на времето пред Конан, кога снимањето на една емисија чинеше 1,7 милиони евра. Сега, сметката за снимање на едно шоу е 2,3 милиони евра.
Кога реши да се врати во "Tonight Show" платата на Лено се искачи на меѓу 25 и 30 милиони долари. Според Л.А. Тајмс, новата плата по намалувањето, изнесува некаде околу 20 милиони долари.
Според весникот, Лено се согласил на намалување на платата само под услов тоа да значи помалку отпуштени.
Тајмс проценува дека од финансиска гледна точка, шоуто со реклами успева да си ги покрие трошоците (по стариот буџет).