Ортега го исфрли досегашниот трет најбогат човек на светот, филантропот Ворен Бафет од Беркшир Хетевеј, благодарејќи на последниот скок на акциите на Зара од 3,8 проценти што преку ноќ му донесе екстра 1,6 милијарди долари.
Блумберг го проценува богатството на Ортега на 46,6 милијарди долари наспроти Бафет кој е за 900 милиони покус. Второто место и натаму удобно му припаѓа на Бил Гејтс и неговите 63 милијарди долари додека убедливо најбогат е најдрагиот гостин на Македонија, Мексиканецот Карлос Слим кој има 30 милијарди долари повеќе од Шпанецот Ортега.
Богатството на сопственикот на Зара само оваа година се зголемило за преку 11 милијарди долари. Неговиот успех се должи на тоа што навреме го претчуствува еконосмкиот слом на својата земја па ја прекина зависноста од производството во Шпанија отворајќи погони и продавници во останатиот дел на светот, првенствено во Кина.